Цените на нафтата беа за околу 4% повисоки во среда наутро по единаесеттата последователна рунда американски напади врз Иран во текот на ноќта, откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека Ормутскиот теснец останува точка на спор меѓу двете страни.
Норвешката државна нафтена компанија „Еквинор“ објави дека речиси го дуплирала профитот во вториот квартал на 11,5 милијарди долари. Растот на профитот е поттикнат од порастот на цените на нафтата и гасот поради војната со Иран, објавува „Гардијан“.
Продолжувањето на борбите ги намали очекувањата дека наскоро може да биде постигнат нов прекин на огнот. Цената на нафтата „брент“ во утринското тргување надмина 94 долари за барел, откако новата ескалација меѓу САД и Иран ги засили стравувањата од нарушување на снабдувањето од ...